Утврдено било дека над 5.000 функционери ги прекршиле правилата за користење на службените автомобили, додека над 900 функционери организирале луксузни церемонии. Останатите биле оценети како „просечни“ и „мрзливи“.
Претседателот Кси Џинпинг, кон крајот на минатата година, наредил државните функционери и службеници да бидат поумерени поради незадоволството на јавноста поради енормното богатење на луѓето на државните функции. Целта на претседателот била да ја направи бирократијата поефикасна и помалку корумпирана. Но, централната државна комисија за контрола на дисциплината утврдила поинаква состојба поради што бројни бирократи биле казнети. Не е соопштено за какви казни станува збор