slike-svet-6-kina_sud_449840062Во текот на изминатава година, во Кина, биле казнети околу 20.000 функционери зашто ги прекршиле правилата за намалување на трошоците, помпезноста и непотребните церемонии, соопштила денеска кинеската влада.

Претседателот Кси Џинпинг, кон крајот на минатата година, наредил државните функционери и службеници да бидат поумерени поради незадоволството на јавноста поради енормното богатење на луѓето на државните функции. Целта на претседателот била да ја направи бирократијата поефикасна и помалку корумпирана. Но,  централната државна комисија за контрола на дисциплината утврдила поинаква состојба поради што бројни бирократи биле казнети. Не е соопштено за какви казни станува збор