Во мај 1975 година по поранешна Југославија кружела приказна дека Јосип Броз Тито е тешко болен и дека крајот на неговиот живот е се поблиску. Меѓутоа, за да ги демантира сите сомнежи, доживотниот претседател на СФРЈ ги повикал новинарите во својата вила и им се пожалил дека единствено го мачи – ишијасот. Во видеото кое е снимено на 6 мај 1975 година згрижениот Тито ги прераскажува своите здравствени проблеми…
На тој 6 мај 1975 година кога по Белград кружеле приказни дека другарот Тито е многу болен, маршалот во друштво на сопругата Јованка ги примил новинарите и им рекол со насмевка на лицето дека има проблеми со ишијасот. Тогаш веќе бил болен, поточно се жалел дека го боли ногата и дека оди со помош на бастун. Во еден момент од интервјуто пристигнало и послужувањето и Тито посегнал по својот омилен пијалак.
Неговата сопруга Јованка Броз го ословувала со „сине“ говорејќи му да почека да му го донесат бастунот, додека Тито со насмевка и дофрлил дека тој може и без стап да испие виски, што придржвајќи се за столот и го направил.
Тито речиси никогаш не зборувал за своето здравје, а неговиот здравствен картон бил најстрого чувана тајна. Маршалот истото го потврдил во оваа прилика во Белиот двор.
– Во креветот тешко она го правам она. Сега е добро, можам и да одам. Сепак, слушам дека има многу такви, мои врсници, кои ги мачи ишијас – рекол Тито.
Тој рекол дека на неговото здравје многу влијае и времето.
– Јас, на пример, пред неколку дена сосема нормално одев. Кога почна да врне и мене ме фати гадно… Толку многу што стравував дека нема да одам на парадата – рекол Јосип Броз.
За крај открил дека не е толку страшно колку што изгледа. Кога пристигнал келнерот, Тито се пошегувал:
„Виски можам да испијам и без бастун!“
Јосип Броз Тито бил аристократ во поглед на манирите, држењето, животните преокупации, свесен за својата големина, својата улога, свесен дека е култна личност, недопирлив. Тој бил социјалистички владар со неверојатни интелектулани потенцијали, мудар, итар, способен, хедонист…