Значи, вие сте на Фејсбук и непознат маж, или непозната жена ви праќа барање за пријателство. Вие не го познавате, но профилната фотографија ви е интересна и со тој аргумент го/ја прифаќате како пријател.
Оваа страшна вест за опасностите кои ги носи Фејсбук стана важна порака за сите родители, за да станат свесни за потенцијалните опасности од социјалните мрежи.
Вашата ќерка е на својот прв училишен ден, логично е да сте пресреќни, зашто изгледа слатко со својата училишна ташна. Сте сакале да ја фотографирате и нејзината фотографија ја објавувате на својот Фејсбук профил, покажувајќи ја на сите пријатели и роднини.
Вие сте толку возбудени и под фотографијата на која веројатно се гледа и и зградата од училиштето, пишувате:
– Не можам да поверувам колку порасна мојата (овде веројатно го наведувате името на ќерката). Времето прелета. Горда мама/тато.
Во меѓувреме, непознатата особа, која сте ја додале во пријатели пред неколку дена, фотографијата од вашата ќерка веќе ја превземал и ја споделува со стотина возрасни мажи низ целиот свет со натпис:
-Девојче, 7 години, руса коса, зелени очи, 5.000 евра.
Не само што фотографијата од својата преслатка ќерка сте им ја овозможиле на трговците, тие сега го имаат и нејзиното име и точната локација на нејзиното училиште.
По неколку часа, вие сте возбудени зошто треба да си ја земете својата ќерка од училиште, но неа никаде ја нема.
Немате поим дека вашето дете, веќе е продадено на 43 годишен педофил, и дека сега е на пат во некоја друга држава, со вреќа на главата, збунета, уплашена и плаче зашто е грабната од непознат човек кој никогаш го нема видено.
Таа нема поим каде и се родителите или што ќе се случи со неа.
Вие сакате да ја земете по училиште, но никаде ја нема и повеќе никогаш нема да видите!
Престанете со додавање на непознати на Фејсбук!
И застанете со објавување податоци од сопствениот живот!
Ова е застрашувачки потсетник како би ја заштитиле вашата приватност и информирајте ги децата за опасностите од непознатите на Интернет.
Би требало да биде напоменато дека повеќето деца се киднапирани и злоставувани од страна на родителите, потоа семејни познаници, а најмал број на киднапирања организираат непознати.
Меѓутоа, постои се поголем број на луѓе кои личните податоци на своите деца ги споделуваат на интернет, а при тоа не се свесни дека тие можат да дојдат до погрешни луѓе.