Оваа невеста е 11 по ред која го носи овој 120 години стар фустан


Една стара англиска поговорка вели дека невестата треба да носи “нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино” на својата свадба, а според изгледот “стариот” дел на Абигејл Кингстон е навистина совршен.

Имено, таа на својата свадба била 11 жена во својата фамилија која го носела 120 години стариот фустан, кој се пренесува од генерација на генерација.4333

Првата невеста која го носела фустанот била Мери Лори Ворен, која се омажила во него во далечната 1895 година. Последната невеста која го носела фустанот била мајката на Абигејл, Лесли Кингстон која се омажила во 1991 година.430

Но, носењето на фустанот не поминало без мака. Имено, поради староста на фустанот тој бил целиот пожолтен и полн со дупки, па морал да помине 200 часа на реставрација за да може да се носи. Сепак, Абигејл можела да го носи само на коктел церемонијата за време на еден час, поради тоа што е многу чувствителен.437 436 435 432

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1