Во близина на Бранденбург во Германија, се наоѓа тивко и мирно село, на работ на густа шума, а чиј мештани од 1950. година се занимаваат со сеча на дрвја.
Никој не знаел што се наоѓа во шумата, а тоа било толку неверојатно и опасно што Хирошима во однос на она што можело да се случи е само „мала“ експлозија.
Русите во селцето Вогелданг почнале да градат таен град уште 1951. година. Тоа била база преполна со нуклеарни проектили за борба против Западот.
Градот бил дом за 150.000 војници и и цивили со повеќе од 550 градби. Таму се наоѓале моќни противавионски, противтенковски и тактички нуклеарни проектили. Се` е градено да биде подготвено кога ќе започне нуклеарната војна.
Нуклеарните проектили биле наменети за Англија, САД, Франција, Белгија, Германија. Проектилите биле 20 пати посилни од оние кои се фрлени на Хирошима. Никој во Источна Германија не знаел дека овој страшен град постои. Се` е градено ноќе, а материјалите пренесувани преку споредни, зафрлени патчиња.
Советската армија копала само ноќе, Американците не можеле да ги откријат. Сепак, нуклеарното оружје се повлекува по неколку месеци, но тоа не е крај.
Се` се стопира по состанокот на Хрушчов и Ајзенхауер. Но веќе во 1961. почнува тајна операција под назив „Труман“… Старите проектили се заменети со уште помоќни и посмртоносни. Малечкото село повторно станува центар за покренување војна. Меѓутоа, сите забрзано работат на развој на ново, помоќно оружје.
Така, по производството на Р-14 Чусаваја ракетата, оружјето во логорот застарува. Но, градот и натаму живее. Единицата е расформирана 1962. година.
Потоа од 1962. па се до крајот на „Студената војна“, базата станува дом за 25-тата тенковска дивизија на Црвената армија. Руската армија се повлекува 1994. година, по завршувањето на „Студената војна“.
Градот останува целосно напуштен. А се уште не се знае дека постоел! Поради волците и дивите свињи ретко кој се осудува да пријде, но фотографите се бестрашни.