Оваа вест ќе ве изнервира – Нема да се спојуваат деновите за Нова година


Новата 2015 година за дел од граѓаните од соседните земји ќе почне со голем одмор или ќе имаат 5 слободни дена, за разлика од кај нас, каде што неработен ден е само 1 јануари четврток и 7 јануари среда – прв ден Божик.

Од кабинетот на министерот за труд и социјална политика велат дека кај нас не се предвидени спојувања на деновите за празниците. rabota stres

– Согласно Законот за празниците на Р. Македонија, кај нас нема да има спојување на празниците околу Нова година и Божик – истакнаа од кабинетот на министерот.

Бугарските медиуми пренесуваат дека кај нив е предвидено, 31 декември, 1 и 2 јануари (четврток и петок) да бидат прогласени за неработни денови.

– Новогодишните празници ќе почнат на 31 декември, кој е неработен ден и ќе траат до 4 јануари. А, 2 јануари ќе се одработува на 24 јануари. Со решение на кабинетот на премиерот 31 декември 2014 година беше прогласен за неработен ден, кој ќе се одработува на 13 декември. Преостанатите празници по Божик – два работни дена 29 и 30 декември 2014 година, се потребни за финансиско-економските организации за завршување на годината. Согласно бугарскиот закон за работни односи, неработни се и деновите околу Рождеството Христово (24, 25 и 26 декември), известуваат од бугарската владината прес-служба.

Оваа идеја на бугарската влада има цел да се групираат викендите за да не се прекинува работната недела и да се обезбеди поефективна работа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1