Оваа жена го предвиде снегот во Египет, падот на Мубарак – сега вели ќе падне Америка


Египетскиот нумеролог Џој Ајад единствена предвиде дека на крајот на оваа година во Египет ќе падне снег, што беше незамисливо. Ајад е позната и по тоа што своевремено го најави падот на двата режими – на Хосни Мубарак и на Мохамед Морси.

378208_egipat-beta-ap_fАјад, која ја викаат и „египетски пророк“, најавува дека 2014 на Египет ќе му донесе среќа и задоволство. САД, според нејзините предвидувања, ќе имаат тешка година и можат да очекуваат големи природни катаклизми. Освен тоа, тврди таа, во Америка ќе се случи раскол во општеството, кој може да биде почеток на крајот на Америка на која сме навикнати.

Таа објаснила  и врз која основа ја темели својата прогноза. Помеѓу останатото, затоа што збирот на бројките од 2014 го дава бројот 7 (2+0+1+4=7). Според Тората, бројот 7 е совршенство.

Своевремено, нејзината прогноза за крајот на 2013 година и снегот во Египет звучеше неверојатно. Но, во Каиро прв пат по многу децении падна снег. Во текот на ноќта живата во термометарот во низа квартови на египетската претстолнина падна на само 3 степени над нулата. За жителите на земјата во која просечната зимска температура е 18 степени над нулата ова беше сурово искушение.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1