Лусија Кејсиди (34), мајка на три деца од Лондон, вели дека пред срцето да и` застане неверојатни 29 пати во текот на 24 часа, немала никаков знак на предупредување.
„Се разбудив среде ноќ со ненормална жед, но и понатака се` ми е во матно сеќавање“, објаснува Лусија. „Наеднаш го видов мојот сопруг како ми дава вештачко дишење и се обидува да ми помогне, а после некое време дојдов при свест“, раскажува оваа млада мајка.
Во болницата се гледала себе си како се буди и како умира, а единствено нешто на кое мислела биле нејзините деца. За среќа, после 29-те срцеви удари, после кои закрепнувала три недели во болница, сега е пуштена на домашна нега. Со дефибрилаторот кој и` помага срцето добро да и` работи, Лусија се вратила на „нормалниот“ живот и секојдневието.
После се`, Лусија целосно го променила својот пристап кон животот. Почнала да вежба, здраво да се храни и да работи на својот личен развој.