Силен ветер во Гевгелија – корнеше дрва и предизвика материјални штети


Ветер со јачина од 80 километри на час денеска попладне во Гевгелија предизвика уривање на кровови и кршење на дрвја и гранки

 djdrfdtyk
Силните налети на ветрот попладнево предизвикаа сериозни оштетувања на дел од новопоставениот покрив на гевгелиската гимназија, како и на покривите на уште неколку објекти и индивидуални куќи.

На многу места во градот од искршените дрвја и гранки беше попречено и нормалното одвивање на сообраќајот кое полека се нормализира откако комуналните работници почнаа да ги отстрануваат од коловозите.

Според информацијата од Хидрометеоролошката станица во Гевгелија, ветерот, кој непрекинато дуваше во текот на целиот ден, околу 14 часот ја достигна најголемата брзина од 22 метри во секунда односно 80 километри на час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1