Голема работа е да се види планинскиот регион на Дагестан. Бројни високи планински села, семејните тајни за производство на керамика, филигранство и резбата се пренесува од генерација на генерација. Секое село има своја специјалност.
Селото Кубачи, едно од најпознатите села во Кавказ кое е традиционален центар за производство за сребрен накит и резба во дрво. Ова село има богата историја уште од четвртиот век, пишува Руска Реч .
Беше споменувано во Персиските хроники под името Зерихгеран (воини). Кубачи е изведен од турски превод. Овде се произведувало оружје уште од дамнешни времиња. Тука правеле стари панцирни мрежи, мечеви, сабји и слично. Легендата вели дека шлемот на Александар Македонски бил направено од страна на занаетчии од ова село, како и оружјето кое Александар го дал на кралицата Викторија.
Во советско време елементите направени од занаетчиите од Кубачи често беа презентирани на луѓето од власта како екстравагантни подароци. На пример денес оваа вазна се чува во музејот на селото кој му беше презентиран на Сталин.
Денешната реалност секако остава трага на производството. Панцири не се произведуваат веќе, а овој меч не е произведен за да служи како оружје.
Селото е многу мало, а сите жители знаат едни за други. Можете многу бргу да дознаете кој занаетчија што работи или пак каде се наоѓа во селото. Има занаетчии кои можат да работат се, но тие се многу малку.