Катерина била страв и трепет – И Македонија имала своја Јованка Орлеанка


Меѓу посериозните проблеми од кои зависи мирот во Европа, треба да се вброи, и тоа меѓу првите, македонското прашање, кое досега е далеку од тоа да биде решено, иако Tурците сакаат да нè убедат да веруваме поинаку, пишувал Le Petit Journal, 26 јули 1903. Меѓу другото ја споменува и македонката Јованка Орлеанка – девојка која се истрижела и отпишла да се бори во планините. Еве што се вели во тектстот. makedonska jovanka orleanka1

makedonska jovanka orleankaДали спокојот конечно ќе се роди во Македонија? Се стравува дека не. Долго време таму ќе се војува и ќе има пролевање на крв на двете страни. Меѓутоа исто така долго време ќе се зборува за хероизмот на овие неопеани херои кои се заложија за независноста на нивната татковина против ужасите на муслиманската тиранија. Во секоја куќа се слават успесите на оваа исклучителна млада девојка по име Катерина Арнаудова, општо позната како македонската Јованка Орлеанка, за која што од секоја уста може да се слушнат приказни за нејзините големи дела.

Родена во близината на Неврокоп, во едно мало село во кое таа чувала кози, еден убав ден Катерина поради маките го напуштила својот крај, земајќи ја облеката на својот брат, се вооружала и се вклучила во одредот на Дончо како доброволец.

Оттогаш секој од угнетените браќа кој ќе ја видел хероината во првите редови на борбеното поле, и покрај опасностите добивал пример за неуморност и издржливост. Нејзината репутација станала толку голема за многу кратко време, така што многумина од револуционерите ја молеле да застане на чело на одредот. Таа прифатила. Катерина станала едно од најстрашните нешта за Турците во Македонија.

Главата на македонската Јованка Орлеанка била уценета. Le Petit Journal, 26 јули 1903 (број 662) Превод од француски: Никола Темков – Македонска Ризница, број 20 Целата сторија, како и слични текстови прочитајте на – Македонска Ризница1974559_781740235187487_2146726549_n

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1