Овие бонбониери не се јадеа, туку кружеа од куќа во куќа


Бонбониерите порано не се јадеа секојдневно, туку само во посебни прилики и се носеа само кај посебни луѓе.

Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, додека уште постоеше голема Југославија, кога се одеше некаде на гости се носеше бонбониера. Најчесто се купуваа оние кои на кутиите имаа фотографија со цвеќе или од некоја девојка.

bomboniera

Бонбониерите не се јадеа секојдневно, оти беа луксуз, и се даваа само во посебни прилики и на посебни луѓе. Се виткаа во бела хартија или целофан и ретко кога се отвораа. Домаќинките ги чуваа така запакувани и ги проследуваа на некој друг, кога тие одеа нагости.

Кругот се вртеше додека на бонбониерите не им поминеше рокот. Размената траеше и по неколку години, па ретко кога овие слатки задоволства беа тазе.

Ако сте заборавиле како изгледаа “забранетите” слатки задоволства, погледнете го видеото:

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1