Овие компании на вработени им плаќаат вештачко оплодување – за да не раѓаат сега


„Фејсбук“ годишно издвојува по 15.000 евра за замрзнување на јајце-клетките на своите вработени кои сакаат да имаат деца. Истата пракса од јануари ќе ја воведе и „Епл“. Се одлучуваат на овој чекор, бидејќи се обидуваат да ја одложат нивната бременост и што подолго да ги задржат во канцеларија.

invitro

Контроверзната пракса, според првите луѓе на Фејсбук има за цел да го зголеми бројот на женски персонал, овозможувајќи им на вработените жени да се фокусираат на кариера, но во истовреме да не мора во целост да се откажат од сонот за мајчинство.

Социјалната мрежа е прва која финансисра ваква процедура од немедицински причини, а освен износот што се издвојува за самата постапка за замрзнување на јајце-клетките, Фејсбук за секоја од овие вработени плаќа и по 370 евра годишно за изнајмување на место во банката за јајце-клетки.

„Многу е тешко да се напредува на професионален план и паралелно да се одгледуваат деца. Нудејќи им ваков вид на сулуга, компанијата вложува во жените и ги поддржува во настојувањето да го изградат својот живот онака како што сакаат“, вели раководството на компанијата.

Како награда за лојалноста, Фејсбук, исто така, на секоја „новопечена“ мајка во својата фирма и подарува по 3.700 евра за да купи облека и опрема за бебето. Некои сепак ваквите потези ги сметаат за манипулација и скриен обид на компанијата да ги задржи работничките колку што е можно подолго и максимално да ги искористи пред да се посветат на семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1