Видео: Дивјаци од ИСИС силуваат, колат и обезглавуваат деца


Веќе со недели владее комплетен хаос во Кобане, град на границата на Сирија со Турција, каде што мнозинството жители се Курди, а илјадници граѓани се најдоа под опсада и директна закана од џихадистите од Исламска држава.

Турската армија од својата страна од границата претежно немо гледа што се случува, странските воени сили предводени од Америка велат дека Кобане не им е од стратегиски интерес, а во самиот град се водат улични битки за опстанок.154431

Според последните информации, повеќе од половина од градот наводно е под контрола на радикалните исламисти, а американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел во саботата изјави дека ситуацијата таму е „опасна“, иако тврди дека неколкуте воздушни напади врз позициите на ИСИС на периферијата на градот до одредена мера го запреле нивното напредување.

Курдите што успеале да се извлечат од пеколот во Кобане, но сега се заглавени во ничија земја меѓу Сирија и Турција, или се на само неколку километри од самата борба, за британски Сандеј пипл сведочеле за ужасите со кои се соочиле додека биле во овој град под опсада.

Преплашените цивили се присетуваат на издрогираните варвари што буквално уживаат во обезглавувањето на луѓето што ги сметаат за непријатели. Екрам Ахмет (40) со сопругата и петте деца побегнал пред седум дена и вели дека многу од постарите луѓе одбиваат да го напуштат градот и да ги остават своите синови да се борат сами.

„Многумина немаат каде да одат, а уште повеќе ги има што се заглавени меѓу градот и турската граница. Тие се на отворено и чекаат или спас или сигурна смрт. Членовите на ИСИС се животни. Тие не се луѓе. Жедни се за крв како ништо што сум видел досега, како да уживаат во убивањето. Обожаваат да отсекуваат глави, како тоа да им е заштитен знак“, вели Екрам.isil teroristi djihad

Тој е убеден дека џихадистите се под влијание на наркотици. „Тие се валкани, со искубани бради и долги црни нокти. Носат еден куп апчиња со себе и постојано ги гнетат. Се чини дека уште повеќе полудуваат од тоа. Стануваат нервозни и возбудени, очајнички сакаат дури и мали деца да казнуваат и за најмало нешто“, додава Екрам, напоменувајќи дека тој верува дека апчињата, всушност, се амфетамини што го јакнат апетитот за убиство кај „исисовците“.

Тој се сеќава како неговиот 11-годишен син го извлекле од автобусот и дека, штом слушнале дека е Курд, го киднапирале и му го искинале Куранот, кој мајка му го дала за среќа. „Го натерале да застане со другите во редица и да чека да го обезглават. Но тогаш кон нив бил отворен оган, па син ми ја искористил можноста и избегал. Не престанал да трча сè додека не дојде до куќата, а таму нè најде како ги закопуваме убиените соседи. Веднаш потоа сите избегавме од Кобане“, вели Екрам, по професија инженер.djihadisti

„Ги закопавме телата, а потоа со моето семејство побегнав во Турција. Додека ја преминувавме границата, турските војници нè навредуваа. Велеа дека сме идиоти и магариња. Изгледа нас нè мразат повеќе од Исламска држава“, резигнирано вели тој.

Сандеј пипл ја раскажува и приказната на едно момче и неговата сестра, кои пред пет дена, токму кога џихадистите почнаа значително да навлегуваат во Кобане, се нашле на периферијата на градот. Од страв се скриле, но терористите го нашле девојчето, го силувале и го убиле на место. Курдските борци со натчовечки сили тргнале во битка за куќата во која сè уште било скриено момчето, и успеале да го спасат. Плачело додека го изнесувале на раце…

Според најновите податоци, околу 150 деца од сите возрасти се наоѓаат во Суруч, турски пограничен град во близина на Кобане. Репортерката на Сандеј пипл се сретнала со нив и кога ги замолила да кренат раце сите оние чии татковци се борат во Кобане, сите до еден го сториле тоа.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1