Овие луѓе имаат вистински супермоќи (Фото)


Сите сонуваме дека во одредени моменти имаме суперсили, но повеќето од нас се помируваат со реалноста дека ваквите способности не се можни. Но, сепак постојат одредени исклучоци каде што ваквите моќи биле забележани.

114236_v1

6. Човек кој не може да ја почуствува струјата

Ма Хианганг е човек способен да допре две жици со електрична енергија и да не почувствува болка. Ваквата способност Хаинанг ја открил сосема случајно, откако неговиот телевизор престанал да работи. Кога со неговиот алат се обидел да ја врати сликата, случајно допрел две жици.

114213_v1Обично ваквите стории завршуваат со трагична смрт, но во овој случај Хианганг не почуствувал ништо.

Наместо да се зблагодари на господ што не се случило ништо и да повика електричар, Хианганг се одлучил повторно да ги допре жиците, за секој случај да провери дали навистина ја поседува ваквата моќ.

Очигледно за овој човек доколку се реши да изврши некакво злодело, осудата за да седне на електричната столица, не доаѓа во предвид.

Откако ги допрел жиците со стотици волти, тој тврди дека може да изведува диатермични масажи (масажи кои длабоко навлегуваат во ткивото на пациентите) користејќи ги само рацете. Обично ваквите масажи се прават со електромагнет.

114239_v1114216_v1

5. Диен Карназес може да трча бесконечно

Диен Карназес е американски тркач на долги патеки способен за надчовечки подвизи на издржливост, како трчање на 50 маратони во секоја од 50 држави, во 50 последователни дена.

Трча на секој маратон на секој контингент, и истрчал повеќе од 350 миљи во период од три непроспиени ноќи.

Карназес има повеќе крв во циркулаторниот систем од просечен човек, што му овозможува да издржи подолг период без вода.

114238_v1114218_v14. Стефан Вилтшар има перфектна визуелна меморија

Стефан Вилтшар со еден поглед кон кој било град, може да го запамти буквално секој детал во својата меморија. Вилтшар ваквиот начин на памтење на работите може да го претстави преку цртањето.

Тој може да ја нацрта секоја зграда, нејзината точна локација и место совршено во однос на големината на реалниот живот.

Зградите, прозорците, влзовите токму во нивната поставеност и големина.

114223

Неговите први зборови на овој свет биле хартија и перо.

Вилташар е аутист.

Има попречување на одредени делови на мозокот да комуницираат со други, па оттука недостатокот на комуникација меѓу деловите на мозокот всушност му помага на Вилтшир во неговата способност.

114224

3. Ким Пик човекот кој можел да запомни се

Пред 2009 година кога Ким Пик починал, истиот овој човек совршено запомнил 12,000 книги, нешто што од една страна го прави најдобрата, но од друга страна и најоша личност ако морате да седите до него во автобус.

Тој можел да прочита две страни одеднаш, една страница со едно око.

Неговата приказна беше претставена во филмот „Дождовниот човек“.

114226_v1

Kога го прашале зошто неговата моќ не ја користи за коцкање, тој објасни дека тоа би било крајно неетично.

Може буквално да ви ги даде сите податоци за родниот град на една личност, сите имиња на автопати кои водат кон него, повикувачкиот код, телевизиските станици, имињата на локалните телефонски услуги.

2. Вим Хоф е отпорен на ладно

114234

Вим Хоф е холанѓанец со неверојатна способност да биде отпорен на студ. Комотно може да плива во мраз ладна вода и целосно да се закопа гол во снег, а притоа да не му биде ништо.

114227

Го нарекуваат „Iceman“, а неговата способност е до толку голема што може да издржи потопен во ладна вода со температура која што може да убие еден нормален човек за само неколку минути.

Хоф тврди дека неговата извонредна способност доаѓа со медитација.

Тој може да го контролира својот автономен нервен систем, а истражувачите истакнаа дека тој е уникатен случај и неговата способност да го контролира телото и начинот на кое што тоа реагира е нешто кое другите луѓе не можат да го научат, освен ако случајно не се изложени на гама зраци или радиоактивна комета.

114685

1. Исао Мачи, самурај со меч може да пресече куршум во лет

Овој човек не е ниту акциски херој, ниту суперхерој, но сепак може да направи нешто неверојатно.

Мачи вежба од својата петта година, а со својата катана може да пресече куршум во лет со големина на зрно грашок, при брзина од околу 320 километри на час.

Негвата неверојатна прецизност му донесе Гинесов рекорд во 2011 година.

„Мислам дека не би можел да го пресечам со кујнски нож, дури и да го држам на дрвена даска за сечење, а не пак додека лета и тоа со самурајски меч“, коментирал еден од сведоците на овој неверојатен подвиг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1