Ако се за верување предвидувањата на Маите, до крајот на светот остануваат уште помалку од месец дена. Во нивната теорија, голем број на граѓани не веруваат, но неколкумина сериозно се подготвуваат за престојната апокалипса.
Во Велика Британија подготвени го дочекуваат судниот ден. Се потрошија голем број на пари, изградени се засолништа, ги наполниле со храна, гориво, оружје, што било доволно за да се сними и документарец.
Воениот пензионер Мајкл Сандерсон, бил прв кој проговорил за својата воена опрема, наменента за судниот ден. Сандерсон живее со својата сопруга и ќерка, а засолништето го изградил на оддалеченост од 15 минути од својата куќа.
„Ќе се случат голем број на страшни работи. Ќе изгори куќата, ќе има поплава и други видови на катастрофи. Доколку задоцните, ќе бидете мртви. Луѓето ме прашуваат зошто се подготвувам, а јас се чудам зошто и оне не го прават истото“, вели овој искусен војник.
Следната на ред е „личноста подготвена на се Ани Дурбин од Лондон, која за апокалипсата се подготвува од минатогодишните нереди во Лондон. За тоа време успеала да собере прехранбрени залихи за три месеци. Подготвила опрема за преживеаните, од боречки ножеви па се до Куранот.
„Јас живеам во село каде што има голем број на муслимани. Никогаш не се знае, но, пожелно е да се прилагодите на сопственото опкружување“, вели Дурбин во документарниот филм.
3. Сигурен стрелец
Уште еден Британец е заслепен од идејата за опстанок на крајот на светот. Малком Бовлер собира оружје за повеќе од 20 години.
„Ова оружје може да се искористи за да се ловат животните во дивината.
За мене, подготовките се како совладување на вештините за прва помош. Се надевата дека нема да ви притребаат никогаш, но подобро е да ги знаете отколку да жалите што не ги знаете.
4. Нов светски поредок
Менаџерот Ројтон Апсон планира самиот да се спаси, заедно со уште неколку истомисленици, со кои планира да го воспостави новиот светски поредок.
5. Сигурен остров
Јама Хампшир од Универзитетот Стенфорд за судниот ден се подготвува веќе пет години. Тој има намера да исплови со кану на еден далечен остров, за кој верува дека ќе биде сигурно засолниште.