Внимавајте: Фалат апчиња од кутиите – Проверете си ги апчињата во аптека


Дел од лековите во аптеките со половична количина на таблети од напишаната на кутијата. Внимавајте при набавувањето на лековите низ аптеките во Македонија.

Читатели на Mknews.MK реагираат дека купиле апчиња во аптеки во Скопје, а кога дошле дома од кутивчето недостасувале апчиња.  Некои од нив увиделе дека количината на пакувања кои што ја купиле е буквално преполовена, недостасувале и цели табли, односно наместо 20 таблети колку што пишува на кутивчето, всушност во истото имало само 10-на. А од таблата која останала во кутивчето дури недостасувало едно апче, извадено како некој да ги испил.

,,Свесна сум дека неможам да докажам дека не сум го извадила јас апчето, но сепак сакам да ги предупредам луѓето да си го отворат кутивчето уште во аптека, по едно апче од кутивче ете ти бизнис, а овде фали и цела табла од 10 апчиња,, вели нашата читателка.

Таа апчињата ,,Беналгин,, ги купила од познат ланец аптеки во Скопје, не и ни текнало да го отвара кутивчето во аптеката, но се запрепастила кога дома видела дека недостасуваат апчиња.

Бидете внимателни – консултирајте се со вработените, а најдобро е и самите да ги отворите кутивчето пред нив, со цел да проверите дали ја има потребната бројка на таблетки, кои што се напишани на самата кутија.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1