Овие Македонци го живеат американскиот сон


Дека Македонија има успешни и талентирани јавни личности на кои им се тесни овие граници и постојано барат нови предизвици доказ се и петмината познати Македонци, од кои четворица се музичари, а еден е спортист, кои се во освојувачки поход во земјата каде што соништата стануваат стварност – Америка, пишува Вечер.

makedonci-koi-go-zhiveat-amerikanskiot-son-224900

Владимир Василевски – Четкар

Охриѓанецот во 1996 година замина на музички студии на Беркли колеџот и оттогаш живее на релација Америка – Македонија.

“Тогаш кога заминав во Америка ниту во Македонија ниту во соседството имаше услови за изучување на џезот и на модерната музика. Најблиската дестинација за пријавување на аудицијата за Беркли во тоа време беше во Перуџа, Италија. Се претставив со две композиции – подготвив гитарски солажи од Џо Пас и Џорџ Бенсон, за кои самиот направив транскрипција и хармонизација, и ја подготвив композицијата „Јовано, Јованке”, која ја аранжирав за гитара. По успешната аудиција во Перуџа, решив да заминам во Бостон”, вели Четкар.

 Ристе Тевдовски

Поранешниот пејач на Браво бенд веќе две години живее во Мичиген, каде што замина на постдипломски студии, односно за да ги усоврши вештините на својот инструмент – кларинетот. Но, тетовецот не седи со скрстени раце во Америка, па освен што учи, дава часови по кларинет, но и настапува со групата “Орноматик”, кои се вистински хит меѓу тамошните македонски иселеници. Тој пред еден месец дојде во родната земја на само на кусо за да се види со семејството и пријателите и се врати назад, а според досегашните негови кажувања планира животот да го продолжи таму. Деновиве проструи и веста дека наводно се оженил, но тој ги демантираше овие муабети изјавувајќи: “Ќе си дојдам во Македонија по жена”.

 Оливера Ѓоргоска

Прилепчанката е во Америка од 2011, прво замина на Флорида на магистерски студии по соло-пеење, ги заврши и одлучи да продолжи да го школува гласот, па потоа се пресели во Лас Вегас, каде што се запиша на докторски студии на Универзитетот во Лас Вегас, Невада, отсек соло-пеење. Престојот во САД освен за студии го користи и за да се појави на некое од американските талент шоуа. Па така, викендов во Лос Анџелес требало да помине на уште една аудиција за “Војс”.

 Јован Јованов

Од октомври минатата година, пејачот кој е и композитор и продуцент е во Америка, во Холивуд е на дошколување каде најверојатно ќе остане две години, затоа што толку траат студиите на “The Los Angeles Film School”. Бившиот член на Магија, локално познат како Џеј Џеј, кој кариерата ја почна со песната “Ти си како магија”, па правеше музика за многу балкански ѕвезди, сега ја насочува во друга насока и таму се усовршува на насоката за музичка продукција и музика за филм. Сопругата Николина и две и полгодишната ќеркичка Малеа се уште не се со него.

 Перо Антиќ

Тој е првиот македонски кошаркар кој успеа да стане дел од најсилната кошаркарска лига во светот – НБА, каде веќе втора сезона ги брани боите на Атланта Хоукс. Беше дел и од македонската кошаркарска репрезентација, односно капитен на момците кои успеаја да стигнат до четвртото место на европското првенство во Литванија во 2011 година.

Вљубеник е во тетоважите и во автомобилите, има колекција на автомобили, а неговиот “форд мустанг” е една од работите без кои не може да живее.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1