Овие професии се најбарани во моментов во Македонија


Над 8.000 слободни работни места моментално има на пазарот на труд, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македoнија. Најмногу од нив во преработувачката индустрија, трговијата, градежништвото, угостителските и финансиските дејности, како и во индустријата за информатички технологии, пишува Лидер.rabota2

Работодавачите велат- работа има. Од оние со завршено високо образование компаниите бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.slobodni-rabotni-mesta.jpg-1

Средното стручно образование, пак, треба да испорача шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

Невработеноста се намалува, а тоа го покажува и статистиката – стапката на невработеност во последниот квартал се намали на историски 24,6%. Проектот „Македонија вработува“, кој е при самиот крај, ги надмина очекувањата. Преку палетата мерки кои ги нуди владата за работодавачите и невработените, досега работно место пронашле над 14 илјади лица.

Клучните сектори од преработувачкат индустрија отвораат најмногу работни места, најмногу како резултат на влезот на странските инвестиции и домашните вложувања.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1