Овој астролог ги предвиде авионските несреќи уште во 2009: Следи распад на ЕУ и…


Познатиот руски астролог Павел Глоба уште во 2009. година ги предвидел авионските несреќи кои минатава година ја потресуваа јавноста. Проценувајќи ја веројатноста на катастрофи, предвидел дека во 2014. година ќе има зголемен ризик, и предупредил на авионски несреќи. Тој исто така предвидел дека човечкиот род ќе биде на прагот на трета светска војна.

60973910-pavel-globa

Тој рекол дека во 2014. не очекуваат авионски несреќи, поради што сите ги посоветувал во тој период да се воздржат од летање. Во јануари 2015, според него, ќе се зголеми и опасноста од земјотреси.

Големо влијание

Инаку, станува збор за астролог кој на почетокот на осумдесетите години од минатиот век рекол дека СССР многу брзо ќе се распадне и дека улиците на Москва на лето 1991. година ќе ги преплават тенкови. Го предвидел распадот на Украина во 2014. година, а тврди дека се оствариле 85 отсто од неговите предвидувања.

Таа 2009. година, освен распадот на Украина „на три дела“ и авионските несреќи, предвидел дека економската криза, која ќе трае до 2020. година, ќе ја прекрие политичката карта на светот и од корен ќе го промени распоредот на силите. Тешки времиња ги очекуваат САД, Барак Обама ќе има незавидна судбина, а Европската унија ќе престане да постои.

ЕУ на хартија

Кога се работи за и не баш убавата судбина на ЕУ, наместо еден, според предвидувањата на астрологот, ќе се појават повеќе сојузи, а ЕУ како сојуз ќе живее само на хартија. Ќе се распадне и НАТО. Иако некое време ќе зајакнува, до крајот на кризата ќе се распадне. Во 2014. година, предвидел Глоба, човештвото ќе биде на раб на трета светска војна.

Долга депресија

Што се однесува на економијата, најтежок период за доларот ќе биде од 2017. до 2018. година. По 2016. ќе пораснат цените на нафтата, поради што Русија ќе се издигне од кризата како светски лидер.

Големите промени во Русија, тврди астрологот, ќе се случуваат од 2014. до 2016. година, а ќе бидат поврзани со големи земјотреси. Третиот бран на кризата ќе настапи 2017. година и ќе трае до 2020. година, а Глоба од тоа многу се плаши. Светот, од кризата која ќе го добие името „долга голема депресија“, конечно ќе се прости на крајот од 2020. Во наредните 30 години, до 2050, во Русија ќе има препород. Власта на 2020. или 2021. ќе ја преземе нова моќна личност – „јавач на бел коњ“. Нема долго да владее, но ќе остави голема трага.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1