Џејмс Роберстон веќе 27 години пешачи по 33 километри за да стигне на работа, без разлика дали врне или грее сонце.
Во далечната 1988 година му се расипал автомобилот, па бидејќи 56-годишниот Американец не можел да си дозволи да купи нов, продолжил да пешачи до работа и до дома.
Џејмс на работа тргнува во 8 часот наутро, а со работа почнува во 14 часот. Тој е вработен во фабрика во Рочестер Хилс, каде заработува по 10,56 долари на час. Целото слободно време му поминува во пешачење до работното место и назад.
Неговиот шеф вели дека и покрај тоа, Џејмс никогаш не доцни на работа.
За него известил The Detroit Free Press, а набрзо започнало и собирање на донации за Робертсон да може да си купи автомобил и досега се собрани околу 30.000 долари. Во меѓувреме локален салон за автомобили му понудил на Робертсон и еден бесплатен модел.