Ниските цени на бензинот ги поефтинија продуктите: Еве што поефтинува


Најголемата компанија за прехранбени и кондиторски производи, Витаминка АД како и Пекабеско ги намалуваат цените на дел од своите производи. Оваа одлука на раководствата на компаниите доаѓа како резултат на намалувањето на производствените трошоци.prodavnica

 

„Овој пат, како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство. Намалувањето на цената на производите во моментов е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат нашите потрошувачи“, изјавија од Витаминка АД Прилеп
Витаминка е меѓу првите македонски производители што ги намалува цените на своите производи, следејќи го падот на цената на енергенсите.Како дел од својата развојна политика, компанијата останува насочена кон постојаното зголемување на портфолиото, зголемување на квалитетот на своите производи преку унапредување и модернизација на производниот процес.

Пекабеско ги намали цените на своите производи на сите продажни места во просек за 15 проценти. Оваа акција ќе трае до 15-ти март годинава.

– Како компанија секогаш се трудиме да возвратиме на довербата и лојалноста која ни ја даваат потрошувачите, купувајќи ги производите на Пекабеско. Свесни сме дека околу новогодишните празници граѓаните имаа големи трошоци, па сметаме дека сега е вистинско време за оваа промотивна акција која покрај во нашата земја, ќе важи и за потрошувачите од Србија, Косово, Црна Гора и БиХ, изјавија од Пекабеско.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1