Приведени тепачите од скопско Нерези – Едниот од нив извадил пиштол но не успеал да пука


На булеварот партизански одреди се приведени три лица, кои учествувале во тепачка.

Едниот од нив извадил пиштол и го репетирал, но не успеал да пука.

При репетирањето, куршумот испаднал од пиштолот.mvr-apsenje

Вознемирените случајни минувачи во близина на автобуската станица ја пријавиле тепачката, по што пристигнале четири полициски возила.

Полицијата го пронашла куршумот, а за секој случај на местото пристигна и возило на итната медицинска помош.

Од полицијата ги товарат приведените за нарушување на јавниот ред и мир и за предизвикување општа опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1