Бомбата на Заев нема да смее да одекне ниту на Youtube?!


Одсега натаму сите материјали поврзани со акцијата ПУЧ, вклучително и бомбата што ја најавуваше Заев нема да смеат да се објавуваат, ниту на порталите ниту на интернет. Овој впечаток се добива по соопштението на јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите.bomba mk

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.

Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата (Youtube н.з.) на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1