Oвој човек го направил најпознатото македонско вино – Т`га за југ


40 години најпознато македонско вино е ,,Т`га за југ,, но знаете ли кој го направил – кој е човекот кој стои зад виното и како го добило името?

Дневник го пронајде човекот кој е креатор на ова познато вино –  85-годишниот кавадарчанец Трајче Еленов, кој  ја раскажа приказната за „тга за југ“, која е дел и од неговата животна приказна. Ви пренесуваме дел од неа – а целото интервју прочитајте го на – Дневник 

tga za jug vino– Mинаа 40 години – Kако вчера да беше, толку убаво се сеќавам на времето кога се роди „тга за југ“. Беше во пресрет на одбележувањето на уште една од манифестациите Струшки вечери на поезијата. Kако енолог и директор на винарската визба „Тиквеш“ ме посетија неколку реномирани поети од тоа време. Побараа од мене да им обезбедам вино што ќе го дегустираат поети од целиот свет. Им ветив дека нема да се засрамат пред гостите Додека тие да дојдат да го земат, јас го крстив виното „тга за југ“ по познатата песна на нашиот Миладинов. Наредив да се испечатат етикгети на кои го пишуваше името на новото вино. Од задната страна на шишето беа испишани стиховите од песната. Сето тоа го држевме во најстрога тајна с` додека не дојдоа поетите да го земат виното. Беа воодушевени, раскажува Еленов.

Тој е скромен човек – Целиот работен век од 35 години го поминал во винарската визба како енолог и директор на винарницата

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1