Овој човек може да троши по милион долари секој ден – и пак да има наредните 220 години


Десет луѓе во светот можат да си дозволат да потрошат по милион долари на ден и покрај тоа да имаат доволно пари за најмалку 100 години.

Најбогатиот човек на светот е Карлос Слим од Мексико, кој поседува 80 милијарди долари. На Слим ќе му се потребни 220 години, за да го потроши своето богатство.Mexican tycoon Carlos Slim speaks during

Слим во Македонија е присутен преку ВИП и Близу, кои се во сопственост на Телеком Австрија, каде Слим има 57 отсто од акциите, а австрискиот телекомуникациски оператор наскоро ќе ја преземе целосната контрола и врз македонски Оне.

Вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, има 79 милијарди долари, што е доволно за следните 218 години. Третиот е Амансио Ортега со 63 милијарди долари, а според пресметките тој своето богатство може да го потроши за 172 години.

Останатите седум лица кои имаат пари за повеќе од 100 години се Ворен Бафет, Лари Елисон, браќата Чарлс и Дејвид Кох, Лилиан Бетанкур, наследничка на францускиот козметички гигант „Лореал“, Кристи Волтон и Шелдон Аделсон.

Уште еден интересен факт од проучувањето покажува дека Карлос Слим може да заработува по 11,6 милиони долари на ден само од камати ако парите му се орочени во банка со камата од само 1,9 отсто. Бил Гејтс може да добива по 11,5 милиони долари, а Ортега – 9,1 милиони долари.

Бројот на милијардери во светот според податоците на „Форбс“ веќе е 1.645, што е за 793 повеќе отколку пред пет години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1