Уапсен таткото на виолинистот Стефан Миленковиќ


Две девојчиња поднеле тужби против Зоран Миленковиќ, професор по виолина, за сексуално злоупотребување. Тие посетувале часови по виолина кај Миленковиќ во периодот од 2009 до 2010 година, објави српски Телеграф.zoki

Зоран Миленковиќ е татко на познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ, а откако на 9 октомври беше уапсен, испратен е на служење затворска казна од 4 години и 2 месеци и е обвинет дека сексуално злоупотребувал два девојчиња кои тогаш имале по 13 и 15 години. Девојчињата во својата шокантна изјава велат дека тој ги галел и ги бакнувал во врат.

Откако биле покренати овие обвиненија против Миленковиќ и трето девојче собрало храброст да каже дека пред 10 години, кога и таа имала 13 години, била сексуално злоупотребена од професорот. Зоран Миленковиќ вели дека немал никаква лоша намера со своите постапки, истакнувајќи дека му е тешко да добие мир поради упатените клевети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1