Дали знаете кој е тој човек? Повеќето никогаш не слушнале за него, но би требало да знаете. кога ќе го видите неговото лице или кога ќе го слушнете неговото име, би требало да почувствувате непријатност во стомакот, како да читате за Мусолини или за Хитлер. Тој човек убил повече од 10 милиони луѓе во Конго. Неговото име е крал Леополд Втори од Белгија.
Тој бил „сопственик“ на Конго, во периодот кога бил уставен монарх на Белгија. По неколку неуспешни обиди за колонизација на Азија и Африка, се скрасил во Конго. Го купил и ги поробил сите луѓе, претворајќи ги сите луѓе во свои робови.
Леополд ја користел работната сила на робовите да ги извлече ресурсите на Конго. Неговото владеење било спроведувано преку работни кампови (логори), егзекуција, мачење и приватна војска.
За него не се уч во училиштата, во медиумите воопшто не се пишува, но тој е дел од широкиот наратив за угнетувањето (што вклучува работи како холокаустот во текот на Втората светска војна). тој е дел од долгата историја на колонијализмот, империјализмот, ропството и геноцидот во Африка, за што кај нас не се изучува на училиште.
Марк Твен напишал сатира за Леополд со наслов „Монолог на кралот Леополд“, во која ја исмејува одбраната на кралот на своето владеење на теророт, главно преку зборовите на Леополд.
Постои страница на Википедија, насловена „Геноцид во историјата“. Меѓутоа геноцидот во Конго не е вклучен, но сепак се споменува. Тоа што сега се вика Демократска република Конго, се споменува како референца војна во Конго (Големата африканска војна), при што двете страни на мултинационалните конфликти го ловеле бамбенг и го изеле. Канибализмот и ропството е ужасно зло кое мора да биде запишано во историјата, но белецот кој го претворил конго во личен концентрационен логор и убил од 10 до 15 милиони луѓе не влегол во историјата на Википедија.
Кога убивате 10 милиони Африканци, не сте се викале „Хитлер“. Вашето имене симболизира животна инкарнација на зло. Вашето име и слика не произведува страв, омраза и тага. Вашите жртви не разговарале за тоа и вашето име не е ни запаметено.
Секако, Леополд не бил единствен извор на зло во конго. тој имал генерали и војници кои ги извршуваче неговите наредби и ги спроведувале законите. Тоа бил систем. Не се зборува за тоа што капитализмот направил во Африка, сите привилегии кои белците ги добиле од овој геноцид се сокриени.