Токму тој отвор што се наоѓа на врвот од капачињата на пенкалата, години наназад, го спасил животот на стотици деца и возрасни.
Прв производител на хемиски пенкала кој што го вовел овој мал детал е BIC во 1991 година, но многумина не го имаат приметено.
Тоа мало дупче всушност служи за да се спречи загушување доколку некој го голтне капачето. Познато е дека децата ставаат во устата се и сешто, а пак возрасните кога се нервозни го гризаат капачето од пенкалото.
Во случај капачето да заврши во душникот, малиот отвор помага личноста и понатаму да продолжи да дише до укажувањето на лекарска помош.