Овој занает може да ви донесе заработка од 1.200 евра месечно – Марија дебело ја наплаќа својата работа!


Од старите занаети во Србија може убаво да се живее, гледајќи на тоа дека вештите раце можат да донесат и заработка од 1.200 евра месечно. Пример за тоа е Марија Иванковиќ Јуриќ од Шабац која везе, ткае и плете облека.pletenje

– Има многу работа па поради тоа планирам и да вработам уште жени. Заработувам доволно да ги покријам трошоците од закупот, кој е 1.500 евра до исплата на платите. Она што е најважно е дека немам земено кредити и позајмици. Покрај се останува доволно за вложување и проширување на работата – вели Марија која оваа година од Министерството за трговија, туризам и телекомуникација, добила субвенции во износ од 100.000 динари.

Уникатната гардероба, произведена во нејзината работилница ја продава во Виена и Амстердам.

– Кога во 2007 година влегов во претприемачките води, мојата идеја беше на жените да им понудам уникатни и традиционални модели за носење но и опремување на простор. После девет години претприемништво сигурна сум дека секој кој има вешти раце и се занимава со некој занает може дебело да си го наплати својот труд – рекла таа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1