Lorna Baillie лекарите ја прогласиле за мртва на 10 февруари откако доживеал мозочен удар а потао ги запрепастила и самите лекари и фамилијата кога после 45 минути откако била прогласена за мртва се вратила во живот.
Нејзината фамилија се собрала во болницата за да се простат од неа откако после три часовна борба на лекарите била прогласена за “технички мртва“ и дека вештачки ја одржуваат во живот со помош на адреналин и електрошокови.
Нејзиниот сопруг John со синот и трите ќерки седнал покрај нејзиниот кревет.Ќерката Leanne постојано и говорела на својата мајка да стане да си ги собере работите и да си тргне дома, но ништо не се случувало се додека 58 годишниот маж John Baillie не и кажал на сопругата дека ја сака.
Бојата на нејзиното лице одеднаш почнала да се враќа, нејзините очи се отвориле и почнала силно да ја стиска раката на својата ќерка, која што медицинската сестра ја убедувала дека тоа се вообичаени реакции после таков третман и се само несвесни движења.
Но фамилијата инсистирала да се повика лекар, кој веднаш утврдил дека нејзиниот пулс се вратил па итно била пренесена на интензивна нега.
Иако постоеле стравувања за нејзиниот живот сепак здравјето на Lorna продолжило да се подобрува па претходниот викенд е пуштена од интензивна нега а истражувањата потврдиле дека и покрај “техничката смрт“ нејзиниот мозок не претрпел оштетувања.
Dr.David Farquharson кој на фамилијата и кажал да се проготват за најлошото, рекол дека ваквото опоравување е навистина ретко и дека нејзиното здравје е се подобро.
Извор: Мунгус