282 илјади евра ќе добие среќникот кој вечерва ја освои главната премија на Лото на Државната лотарија на Македонија. Добитникот освоил дури 21 шестка и една седумка.
Добитното ливче било уплатено во центарот на Скопје кај киното Вардар.
Сеуште не е познато за кого се работи ниту дали добитникот воопшто ќе сака да го олткрие својот идентитет.
Ова е петти добитник на главната премија. Претходно седумка добија две жени и двајца мажи. Жените беа похрабри па се појавија пред јавноста додека мажите останаа анонимни. Последната добитничка од Свети Николе дел од средставата донираше и за СОС Детското Село.