Падна крв на Први мај: Има мртви, полицијата со водени топови тргна кон демонстрантите


Еден човек загина во протестите на плоштадот Таксим. Наил Мавус (57) загина при обидот да стигне до главниот плоштад, кога во него удри возило со воден топ. Тој итно е пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите. Неколку стотини демонстранти се судрија со полицијата при обид да дојдат до Таксим.fwerkagjeopkhot

Турската полиција употреби солзавец врз група демонстранти кои денеска се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, иако властите забранија таму да се одбележи Меѓународниот ден на трудот.

Повеќе стотици демонстранти се обидоа да се пробијат до Таксим, по што избија судири со полицијата.

Телевизијата Си-Ен-Ен Турк прикажа снимки како полицајци внесуваат неколку уапсени демонстранти во полициски автобус.

Локалните власти се договорија со неколку синдикати прославата на 1 Мај да се одржи на специјално одреден простор во населбата Бакиркој, во близина на истанбулскиот аеродром, а не во центарот на градот.

Канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопшти дека „со цел да се гарантира безбедноста на граѓаните“ за првомајскиот празник, на должност во градот ќе бидат 24.500 припадници на турските безбедносни сили.

Метро станицата на главниот плоштад Таксим ќе биде целосно затворена, а долж улиците се поставени метални огради, а распоредени се и десетици полицајци во опрема за разбивање на протести.

Плоштадот Таксим е место на судири за време на Меѓународниот ден на трудот откако на 1 мај 1977 година беа убиени 36 луѓе, а 130 повредени, во време кога модерна Турција минуваше низ еден од своите најтурбулентни периоди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1