Петмина се ранети, а еден од нив е тешко повреден откако вечерва избила тепачка на партиски состанок на ДУИ кој се одржувал во огранокот во Сарај.
– Во болница е примено лицето Јакупи Зејди, викан Дади, и неговиот брат Јонуз Јакупи. За останатите ве молиме јавете се утре, велат болнички извори за Вечер.
Според неофицијални информации пресметката се случила по несогласувања помеѓу приврзаници на Рафиз Алити и Блерим Беџети.
Токму ранетите за кои Вечер доби потврда се блиски со Блерим Беџети. Јакупи Јонуз е вработен во АРМ, а двајцата браќа се од Кондово.
Извори за НОВА велат дека настанот се случил пред околу 4 часа кога по вербалната расправија дел од присутните извадиле пиштоли и започнале да пукаат. Еден од петмината повредени е во животна опасност.
Полицијата засега не соопштува детали за инцидентот.