Најмалку четири жртви има во несреќата кога мал авион паднал врз куќа, во американската држава Конектикат, и предизвикал пожар.
Авионот удрил во куќа само неколку блокови од аеродромот, при слетување. Официјални лица потврдија дека загинале меѓу четири и шест лица.
Роберт Грец, истражител на одборот за национална безбедност, вели дека доцна во петокот загинале две или три лица од авионот, а исто толку и на земја.
Непосредно по несреќата надлежните соопштија дека три лица се водат како исчезнати, пилотот и две деца.
Федералната воздухопловна служба соопшти дека авионот полетал од аеродромот „Татерборо” во Њу Џерси и паднал додека се спуштал кон аеродромот „Твит њу хевн”