Падна мал авион врз куќа – загинаа 2 дечиња што биле во куќата


Најмалку четири жртви има во несреќата кога мал авион паднал врз куќа, во американската држава Конектикат, и предизвикал пожар.

avion nesrekjaАвионот удрил во куќа само неколку блокови од аеродромот, при слетување. Официјални лица потврдија дека загинале меѓу четири и шест лица.

Роберт Грец, истражител на одборот за национална безбедност, вели дека доцна во петокот загинале две или три лица од авионот, а исто толку и на земја.

Непосредно по несреќата надлежните соопштија дека три лица се водат како исчезнати, пилотот и две деца.

Федералната воздухопловна служба соопшти дека авионот полетал од аеродромот „Татерборо” во Њу Џерси и паднал додека се спуштал кон аеродромот „Твит њу хевн”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1