Падна одлука – Управниот Суд пресече: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно во Струга и Кичево


Одлуките на Управниот суд се конечни и на нив ниту една од странките нема право на жалба, а на сила стапуваат веднаш

upraven sud 2

Управниот суд ја уважи жалбата на СДСМ по одлуката на општинската изборна комисија во Кичево да не ја завери заедничката совентичка листа на двете најголеми македонски политички партии за локалните избори за советници.

Управниот суд ја уважи жалбата на СДСМ по одлуката на општинската изборна комисија во Кичево да не ја завери заедничката совентичка листа на двете најголеми македонски политички партии за локалните избори за советници.

 „Тужбата на  тужителот Подносител на Листа за кандидати за избор на советници на Совет на Општина Кичево, Социјалдемократски сојуз на Македонија и други политички партии наведени во договорот за коалицирање, поднесена преку Овластен претставник, СЕ УВАЖУВА

sdsm i dpmneЛистата на кандидати за избор на советници во Совет на Општина Кичево, поднесена од Социјалдемократски сојуз на Македонија и други политички партии наведени во договорот за коалицирање до Општинската Изборна Комисија на ден 09.03.2013 година, во 04.10 часот, СЕ ПОТВРДУВА, од причина што е констатирано повлекување на поднесената Листа на кандидати за членови на Советот на Општина Кичево поднесена од Овластен подносител на листа на кандидати од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (ВМРО – Демоктарска партија за Македонско Национално Единство) и е поништено Решението на Општинската Изборна Комисија Кичево Бр.11-91/1 од 18.02.2013 година со Одлуката на Државната Изборна Комисија Бр.11-1013/1 од 08.03.2013 година“ – стои на сајтот на Управниот Суд.
Ова значи дека двете партии заеднички ќе настапат на локалните избори.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заеднички ќе настапат и во Струга. Ваква одлука донел Упратниот суд по тужбата која СДСМ ја испрати до него како подносител на листата, откако општинската изборна комисија во Струга не даде зелено светло за заедничката советничка листа со ВМРО-ДПМНЕ.
Управниот суд официјалната одлука треба да ја постави на својата интернет страна за десетина минути.
Претходно, Управен реши дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ можат заеднички да настапат и во Кичево.
Одлуките на Управниот суд се конечни и на нив ниту една од странките нема право на жалба, а на сила стапуваат веднаш

Press24

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1