Падна пресуда за „Рекет“ – 7 години за Катица Јанева, 9 години за Боки 13


Судот ги прогласи за виновни Боки 13 и Јанева. Поранешната шефица на СЈО е осудена на седум години затвор а Бојан Јовановски заработи казна од девет години. Според пресудата, во текот на судењето се докажало дека обвинетите ги сториле крвичните дела примање награда, перење пари и злоупотреба на службената положба.

Поранешната специјална обвинителка не присуствуваше на изрекување на пресудата, го информирала судот дека има здравствени проблеми. Јовановски смета дека пресудата била политичка и најави кривични пријави.

Обвинителката Русковска очекувала повисоки казни па најави жалба на пресудата. Смета дека казната за Јовановски не требало да е помала од 10 години. Откри дека води нова предистрага за поранешната шефица на СЈО заради што побара Јанева да биде вратена во истражниот затвор Шутка. Судот го одби предлогот па до правосилноста на пресудата, Јанева останува во куќен притвор.

Незадоволни од казните се и адвокатите на Јанева и Јовановски. Сметаат дека судот и и обвинителство немале доволно докази за случајот.

Јанева и Јовановски се товареа дека го рекетирале бизнисменот Орце Камчев. Според обвинението, Боки 13 искористувајќи го блискиот однос влијаел врз Катица Јанева таа да одреди поблаги мерки за бизнисменот обвинет во предмет на СЈО. За услугата, Јовановски наплатил 1,5 милион евра од Камчев, а според обвинителството, 50 илјади евра завршиле во рацете на Јанева. Таа на подарок добила и гарнитура за седење.

Со пресудата се бара Јанева да ги врати парите, а доколку потребната сума ја нема на нејзините банкарски сметки да и се одземат лични предмети или недвижнини. На Јовановски ќе му биде одземена запленетата гардероба, уметнички фотографии, мебел.

Процесот „Рекет“ почна во декември лани со тројца обвинети, еден од нив призна вина и беше осуден на три години затвор. Во текот на судењето беа сослушани 30 сведоци а пред судот беа изведени и 270 материјални докази.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1