Веб-страницата на Државната изборна комисија, на која треба да се објавуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори, повеќе од еден час не функционира.
Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем, на чие надминување работат ИТ експерти. Резултатите од гласањето пристигнуваат во ДИК, но засега не можат да се гледаат на нивната веб – стрaница.
Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани најави првични резултати два часа по затворањето, во 23 часот.
„Кога ќе заврши гласањето во 21 часот, има процедури за пополнување обрасци по што ќе почне електронската дистрибуција на податоците до ДИК. Нашите пресметки се дека најдоцна до 23 часот ќе имаме значен број обработени податоци“, рече портпаролот Шабани.