На планинскиот врв Кредарица во Словенија утрово падна снег. Иако календарски стаса летото, температурите на Балканскиот Полуостров се пониски од вообичаено за овој период на годината.
Објектите кои се наоѓаат на врвот Кредарица кој е на 2.515 метри надморска височина се во целост под снег.
Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а најниска на 7 јануари 1985 година кога било минус 28,3 степени.