Падна црногорската „мадам“:Другарката на Сораја уапсена поради организирана проституција


Жељка Роловиќ (37), блиска пријателка на српската старлета Сораја Вучелиќ (29), пред два дена била уапсена во Котор поради сомнежи дека е организатор на најголемиот синџир на проституција на Црногорското приморје.

На атрактивната русокоса и биле ставени лисици на рацете во рамки на полициската акција „Лутка“. Другарката на Сораја се сомничи дека договарала и организирала пружање на сексуални услуги во луксузни хотели, приватно сместување, на јахти и на други атрактивни локации.656747_hro-zeljka-i-soraja1-foto-ras_ff

Против Жељка е подигната кривична пријава, а како што пренесуваат црногорските медиуми, се очекува апсење на повеќе лица кои биле видени во нејзино друштво. Поради тоа, нејзините пријателки, а и самата Сораја се во паника.

– Сораја и Жељка се долгогодишни пријателки. Тие се познаваат од времето кога Сораја живеела во Бар, пред да се пресели во Белград со желба да стане позната. Тие се запознале преку заеднички пријатели, а подоцна почнале и да се дружат. Веќе со години се многу блиски. Жељка редовно доаѓа кај Сораја во Белград, и со својата ќерка  престојува во нејзиниот стан. Преку ден може да се видат во шопинг, а навечер се забавуваат низ ноќните клубови, каде во поголемо друштво пијат скапи пијалаци. Двете на социјалните мрежи се фалат со летува на егзотични дестинации, на кои секогаш оделе заедно – открил добро упатен извор за српски „Курир“.181747_1651632096783_1416421986_31428139_2915511_n

Роловиќ ја има ќерката Леа која ја добила во бракот на кој му ставила крај пред неколку години. Нејзиниот поранешен сопруг живее во Москва каде Жељка го посетува со ќерката. И Сораја неколку пати одела со нив двете во Русија. Жељка и Сораја ги сакаат патувањата, како и животот на висока нога. Таа на својот профил на Фејсбук секојдневно објавува фотографии од скапи ресторани, како вози бесни автомобили, троши пари и купува брендирана гардероба.

Управата на полицијата на Котор потврдила за црногорските медиуми дека е приведена Жељка Роловиќ поради сомнежи дека организрала синџир на проституција.318535_2135670717446_1416421986_31928906_1942919633_n

– Има сомнежи дека таа во синџирот на проституција вклучувала повеќе млади девојки  – соопштиле од Управата на полцијата.

Роловиќ која е самохрана мајка пред тужителот негирала дека се занимавала со подведување на девојки за проституција.

Освена неа , тужителот сослушал и неколку девојки на кои таа им договарала „ангажмани“. Наводно девојките земале по 500 евра за пружање на сексуални услуги, а цената се зголемувала и одела преку неколку илјади евра доколку клиентите биле странци.

Полицијата во станот на Жељка во Котор не пронашла имиња ниту на клиентите ниту на девојките. Колку бил нејзиниот удел во посредувањето не е познато.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1