Паднат прозорец во Хируршките сали – влегуваат бакерии – 6 дена опасност за пациентите


Стакло од прозорец паднало во ходникот на Хирушките клиники во петокот дознава НОВА од лекарски извори на клиниките. Прозорецот цели шест дена стои паднат и нема кој да го поправи, а во ходникот кој е климатизиран влегува топол воздух, тврдат нашите извори.

15296golemaОна што е застрашувачки, низ прозорецот влегуваат бактерии и спори кои се шират низ ходникот и влегуваат во хируршките сали, каде што мора да има стерилни услови за да се оперираат пациенти. Ходникот е заеднички за сите 16 операциони сали и веќе шест дена преставува опасност, не само за пациентите туку и за вработените, а ја нарушува работата на хирурзите.

-Добро е што при паѓањето прозорецот не паднал врз некого бидејќи можело да загине. Прозорецот се уште стои така, нема кој да даде наредба да се поправи. Освен топол воздух кој смета во работењето, во хируршките сали влегуваат и бактерии, со што пациентите се изложени на ризик, велат револтирано за НОВА лекари кои утринава оперирале во хируршките сали.

0882

Лекарите објаснуваат дека одкога се подели Клиничкиот центар на посебни единици, не се знае кој стопанисува со објектот. Бидејќи станува збор за ходник кој е заеднички на сите Хируршки клиники, очигледно нема одговорен кој ќе го санира дефектот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1