Пајакот носи се пред себе – Отсранети 63 возила


Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди.

Од нив, 10 се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и тројца мотоциклисти.

Се случиле и две незгоди со тешки телесни повреди. Првата незгода се случила во 16 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во која учествувал мопед со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Истиот изгубил контрола над мопедот и удрил во пешак. Во незгодата со тешки телесни повредни се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди пешакот.pajak-sluzba

Втората незгода се случила во 40 минути по полноќ на обиколницата Тетово – Скопје во која учествувало патничко моторно возило „хонда сиви“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје. Истиот изгубил контрола над возилото и удрил во банкина. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште пет незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 19 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците и 20 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 63 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе одржи работилница во основните училишта „Лазо Ангеловски“ и „Љубен Лапе“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Аеродром, со учениците од второ одделение.

Едукативна работилница ќе се одржи и со најмалите деца од предучилишна возраст во детската градинка „8 Март“ која се наоѓа на територијата на општина Кисела Вода.

За денес има најава за вонреден настан поради кој ќе има изменет режим на сообраќајот. Јавната установа Детски културен центар Карпош организира меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“. Свеченото отворање на фолклорното дефиле е во 17 часот во црквата „Св. Климент Охридски“, а веднаш по отворањето во 18 часот учесниците во дефилето ќе се движат по бул. „Партизански одреди“, лево на пешачкиот премин пред Универзалната сала каде што во 19 часот ќе започне дефилето. За време на одржувањето на дефилето сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од сообраќајната полиција апелираат возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1