Пајаци нападнале училиште во Британија – училиштето затворено


Поради инвазија од отровни пајаци затворено е училиште во Велика Британија за да можат надлежните служби може да го решат големиот проблем од напасниците, пишува макфакс.

pajak2Управителот на училиштето Крег Барнс во соопштението објави дека училиштето „Dean Academy” во Глостершир, западна Англија, ќе биде затворено еден ден.Пајаците кои се блиски на смртоносниот вид „црна вдовица” (Steatoda nobilis), населија делови од јужна Англија пред стотина години, но се верува дека под влијание на климатските промени се прошириле последните 25 години и во другите области на земјата, според Британскиот музеј на историјата на природата.

Се смета дека ткн „лажни црни вдовици” кои се одликуваат со голема дамка на долниот дел, се донесени во Британија околу 1870 година од Канарските острови. Засега не е регистриран смртен случај по каснување од овој вид пajак.

Последица од каснувањето на овој вид пајаци се отоци, грозница и болки во градниот кош, но поради брзото реагирање на училишните власти засега не настрадало ниедно дете.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1