Палатата на смртта во близина на Каиро – Зошто никој не живее во неа?


Гласови во ноќта, мебел кој се движи и огледала со крв се феномени кои се чести во палатата на Барон Емпаин, која се наоѓа во близина на Каиро. Палатата е градена на моделите на индиските храмови и во нејзина близина се наоѓа и домот на поранешниот Египетски претседател Хоши Мубарак.

palata-na-smrtta-1Денес, напуштената зграда е затворена за јавноста. Се зборува дека таму се одржуваат оргии и сатански ритуали, но чуварите на портите уверуваат дека освен лилјаци и можеби духови, таму не влегува никој. Палатата била изградена на крајот на деветнаесеттиот век од милионерот египтолог Барон Емпаин. Тој се збогатил со градење на возни линии во Белгија и Франција и го усовршил париското метро.

Baron Empain Palace, Heliopolis, Cairo, Al Qahirah, EgyptВо 1904, патувал во Египет за да направи договор за градење на возна линија. Договорот бил загубен но милионерот останал. Следната година, Емпаин купил голем простор од пустината од Британската колонијална влада.

На ова започнал да го гради Хелиополис, градот на луксузот. Во центарот требало да биде домот на Емпаин, на место од каде ќе може да го гледа целиот град. Дизајнирана од француски архитект, палатата била ремек-дело во ориентален стил и многу интригантни карактеристики.

Пред влезот на палатата, гостинот требал да помине покрај разни скулптури и егзотични растенија. Интериерот бил полн со фрески и позлатени врати. Под палатата се наоѓаат подземни соби , од кои тунел води до мавзолејот на Емпаин во католичката базилика во близина.

Главната кула е направена на таков начин да има сончева светлина од секоја страна. Архитектонската убавина на палатата е уништена од приватниот живот на Емпаин. Неговата жена починала во неа кога паднала од една од кулите.

Нивната ќерка имала психолошки проблеми и седела со часови во една од подрумските соби каде е најдена и мртва неколку години по смртта на нејзината мајка.

palata-na-smrtta-2palata-na-smrtta-3

Самиот Барон страдал од епилепсија и се вратил во Белгија за време на Првата Светска Војна каде преживеал до 1929.

Неговиот син останал во палатата по смртта на неговиот татко но до 1952, местото било продадено. Во 2005 година, владата на Египет ја купила палатата со намера да ја поправи и оспособи за живот. По два месеци, била затворена од непознати причини. Оттогаш, таа седи празна и влезот во неа е забранет.

Факултети.мк

palata-na-smrtta-7

palata-na-smrtta-5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1