Палмер намерно не се сретнал со Мицкоски и Иванов


Вечерва во просториите на Владата на Република Македонија, заедничка прес-конференција одржаа заменик државниот секретар за европски прашање во САД, Метју Палмер и Премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

Прв на новинарите им се обрати Премиерот на Македонија.

„Држаниот секретар за европски прашања во САД Метју Палмер дојде во еден исклучително важен момент за Македонија, само неколку дена по големиот исчекор за иднината на земјата. За време на денешната средба се согласивме дека таа одлуката има историско значање. Таа одлука на пратениците и од позицијата и од опозицијата да се отвори постапката за уставните измени, со цел да се реализира договорот од Преспа, и уште еднаш ја потврди евроатлантската определба на нашата земја. Храбро превзедоа одговорност и испишаа историја. Гласот на пратениците исто време е против нови политчки кризи. Сите наши сојузници ја поздравија покажаната државничка одговорност, вклучително и нашите сојузници САД“, рече Заев.

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер ја поздрави одлуката пратениците да гласаат за уставни измени , оценувајки го тоа како историски пресврт.

Тој нагласи дека Македонија како што се движи кон НАТО и ЕУ секогаш ќе може да се потпре на американското пријателство.

-Чест и привилегија е да се биде тука во овој историски момент за земјата. 80 гласа „за“ во насока за поддршка на Преспанскиот договор се историски пресврт и го отвораат патот на Македонија и на македонскиот народ за Европската унија. Премиерот Заев и јас денеска имавме широк разговор за Преспанскиот договор, процесот на неговата имплементација, процесот на приклучување на Македонија во НАТО и ЕУ. Сакам да му нагласам на македонскиот народ и на македонските политички лидери дека на патот кон НАТО и ЕУ, и потоа при евентуалното зачленување во ЕУ, дека ќе можат да се потпрат на пријателството и поддршката од Америка, рече Палмер.

На прес конференцијата по средбата со премиерот Заев истакна дека не се видел лидерот на ВМРО ДПМНЕ и дека средбата со него не била планирана.

На прашањето зошто не се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Палмер рече дека при секоја посета треба да се направи распоред на времето како најдобро да се искористи.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски испрати писмо до Вес Мичел, кое јас внимателно го прочитав. Тоа што не се сретнав со него значи дека е некаква порака“, рече Палмер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1