Памела Андерсон пред неколку месеци се омажи а веќе се разведува


Памела Андерсон поднесе барање за развод, само неколку месеци откако се омажи повторно за поранешниот сопруг Рик Саломон.

pamela-oneРусокосата секс бомба се венча за прв пат со филмскиот продуцент и професионален покераш во 2007 година, но два месеци подоцна бракот им беше поништен. Андерсон и Саломон ја обновија врската минатата година и во јануари оваа година актерката ги изненади своите обожаватели, кога ги потврди гласините дека повторно се венчале.

Но изгледа дека не им било пишано да се заедно и Памела повторно поднела барање за развод, според сајтот Tmz.com. Во 1995 година таа се омажи за рокерот Томи Ли, од кого има два сина Брендон и Дилан, но тие се разведоа три години подоцна.

Во јули 2006 година Андерсон мина се венча со друг рокер, Кид Рок, чие вистинско име е Роберт Ричи. Но, на 27 ноември истата година актерката поднесе молба за развод поради непремостливи разлики.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1