„Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од истражувањето на „Лав енд грин“


Дел од македонските медиуми изминативе денови објавија текстови врз основа на статија која што на 25 октомври излезе во „Ле паризиен“.

Пелените „Памперс“ содржат траги од канцерогени материи

 

Со демант се јавија од компанијата ..

Француската публикација сподели делумни резултати од студија која што беше нарачана од „Лав енд грин“, компанија за производство за детски пелени, а не од асоцијацијата „Асеф“, како што беше наведено во текстот.pampers

Со цел јавноста вистинито да се информира, „Памперс“ целосно ги отфрла заклучоците од наведеното истражување. Компанијата уште еднаш потврдува дека не додава ПАХ-состојки (полициклични ароматични хидрокарбонати), спротивно од тоа што е наведено во преземените текстови.
– Сите комппоненти во нашите пелени се строго избрани и оценувани до најситниот детаљ. Тие се во согласност со строгата Европска регулатива Reach која што гарантира безбедно производство и користење состојки. Пред нашите производи да излезат на пазарот, тие со исклучителна сериозност клинички се тестираат од научници, експерти и независни педијатри – истакнуваат од „Памперс“.

Од компанијата велат дека за да се заштити бебешката кожа, тенка наслага лосион е вметната во внатрешниот слој на пелените со цел да се намали можноста од осип. Притоа, тие укажуваат дека петролатумот содржан во лосионот во пелените „Памперс“ е прочистен и целосно безбеден за бебињата. Ова е потврдено од докторот и педијатрискиот дерматолог, професор Даниел Хол, поранешен претседател на Европската асоцијација на педијатриска дерматологија.
– Детално го проучив тестирањето за сигурност што „Памперс“ го спроведува и лично потврдувам дека овие производи се совршено безбедни за бебешката кожа. Петролатумот е инертната компонента која не само што секојдневно се употребува во козметиката туку и широко се препорачува од дерматолози и од педијатри за заштита на бебешката кожа – вели д-р Хол.

„Памперс“ уште еднаш истакнува дека состојките на овој лосион се во согласност со европските регулативи за козметика. Истите редовно се проверуваат од европските здравствени институции.

Пелените „Памперс“ содржат траги од канцерогени материи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1