„ПАНАМА ЛИКС“ ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Почнаа да паѓаат премиерски глави?


11 и пол милиони документи протекоа од дата базата на панамската компанија Мозак Фонзека, светски најголемата офшор правна фирма, кои откриваат како светски лидери на држави и влади ги искористувале даночните прибежишта и се стекнале со богаство вредно милијарди долари.

Листата ја објави британскиот Гардијан, работејки со Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари во повеќе од 80 земји, а документите или како што веќе ги нарекуваат Panama Papers беа доставени од анонимен извор на германскиот весник Süddeutsche Zeitung и споделени со интернационалниот тим на новинари во соработка со Гардијан и БИ-БИ-СИ.panama_papers

Документите потекнуваат од повеќе од 140 офшор компании, а се однесуваат на илјандници клиенти на Мозак Фонзека.

Меѓу најзвучните имиња кое го објавува Гардијан е шефот на Руската Федерација, Владимир Путин, чии сметки станаа достапни за јавноста. До него, како што објави Гардијан, водат сметки на кои има скриено имот вреден 2 милијарди долари.

Панама документите откриваат дека исто така откриваат офшор богатства на Наваз Шариф, премиерот на Пакистан, Ајад Алави, поранешен привремен премиер и поранешен потпретседател на Ирак, Петро Порошенко, претседателот на Украина, Ала Мубарак, синот на поранешниот претседател на Египет, и премиерот на Исланд, Сигмундир Гунлагсон.

Офшор сметка има и таткото на премиерот на Британија, Дејвид Камерон, како и шест членови на Домот на лордовите, тројца поранешни конзервативни пратеници во британскиот парламент и десетици донатори на политички партии. Нивните компании биле заштитени од Сејшелите, Британските Девствени Острови, Панама и други власти.

Иако документите потекнуваат од архивата на компанијата, основана уште во 1977 година, информациите се актуелни, а најновите записи датираат од декември 2015 година, панамската Мозак Фонзека веднаш негираше какви било кршења на законите. Таа тврди дека работи без каков било прекршок 40 години и дека има безбедни процедури за исполнување на законските барања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1